Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој е на редовна хемотерапија, има уринарна инфекција поради која ќе биде задржан во болница подолго од очекуваното.
-При рутинска контрола било воочена присутност на уринарната инфекција. Неговата клиничка состојба е стабилна и во наредните денови би требало да биде пуштен од болница, се наведува во соопштението.
Во септември Пеле имаше операција за време на која му е отстранет тумор од дебелото црвево и од тогаш тој оди на хемотерапии.
81 годишниот Бразилец изминатите години имаше повеќе здравствени проблеми, а поради операцијата на колкот тешко се движи.