Легендарниот бразилски фудбалер Пеле повторно ги загрижи навивачите откако беше примен во болницата во Сао Паоло.
На Пеле во септември минатата година му беше отстранет тумор, но сепак поради проблеми со хемотерапијата повторно заврши во болнички кревет.
До легендарниот бразилски фудбалер пристигна поддршка од цел свет, по што реши да одговори и да се заблагодари.
„Секогаш е убаво кога ќе добиете позитивни пораки. Ги молам фудбалерите на Бразил да го донесат трофејот дом“, кажа Пеле.
Бразилецот е единствен фудбалер кој трипати беше светски првак, и тоа во 1958, 1962 и 1970 година, а за Бразил постигна 77 гола на 92 натпревари.