Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе ја напушти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и рехабилитацијата ќе ја продолжи во својот дом, објави денеска неговата ќерка Кели Насименто.
На Пеле на почетокот од септември му беше отстранет тумор од дебелото црево, по што извесен период мина на одделот за интензивна нега поради респираторни проблеми. Туморот му беше дијагностициран при рутински преглед.
Пеле, кој е единствениот фудбалер во историјата со три светски титули, на 23 октомври треба да го прослави својот 81 роденден. (МИА)