Големото градско дерби помеѓу Арсенал и Челзи одиграно синоќа во Лондон заврши нерешено 2: 2, а првиот гол за Челзи го постигна Азар од пенал. Спорнито момент е на 1:36 мин. од видеото.
Токму пеналот досуден по стартот над Белгиецот предизвика низа реакции во спортската јавност на Островот, а менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер се пожали на судиските одлуки.
Судијата Тејлор стартот на Белерин го оцени за удар од 11 метри. Дали арбитерот погреши?