четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пепе: Покажавме понизност и скромност против Македонија!

Пепе: Покажавме понизност и скромност против Македонија!

Португалските медиуми го најавија Пепе како големо засилување за бараж финалето против Македонија, а тоа на крајот и испадна така ако се земе во предвид дека ветеранот издоминира во дефанзивните задачи, а воедно ја започна и контрата по која домашниот тим погоди за 2:0.

Стоперот на Порто извонредно стартуваше над Барди и чисто му ја одзема топката, по што тргна акцијата на Португалците со која беше зададен конечниот удар во финалето на „Драгао“.

Пепе во февруари наполни 39 години и покажува дека се уште е многу важен за репрезентацијата, па португалските новинари го прашаа дали ќе му помогне на тимот и на Светското првенство.

– Се чувствувам привилегирано што се уште сум дел од оваа група и од тоа што доживеав ваква прекрасна ноќ. Ќе беше неправда да останеме без Светско првенство. Против Македонија покажавме понизност и скромност на теренот, со огромно чувство за победа и ги израдувавме сите Португалци.

– Дали сега може да се вратиме со светска титула од Катар? Сонот останувареалност, поседуваме квалитет и за да го направиме тоа, мора да останеме многу силни. Го освоивме Европското првенство и Лигата на нации, зошто да не сонуваме и за Светско првенство. Јас имам 39 години, но се чувствувам и имам амбиција како дете од 15, 18 или 20 години. Има уште многу до Светското првенство, сега ќе се фокусирам на клупските обврски и ќе одиме меч по меч. Ако останам физички подготвен, ќе сакам да и помогнам на Португалија на мундијалот, – изјави Пепе.