петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Переира на позајмица во Лацио

Переира на позајмица во Лацио

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира, ќе му се приклучи на Лацио на позајмица една сезона, откако италијанскиот клуб потврди дека фудбалерот пристигнал во римската престолнина.

Переира отиде во Лацио со идеја да игра поредовно откако испадна од сметките на Оле Гунар Солскјер со доаѓањето на Бруно Фернандеш и Дони ван де Бик.

Дваесет и четири-годишниот Переира има 4 гола на 75 натпревари за „црвените ѓаволи“, а денес ќе помине медицински тестови и ако се оди добро, може да се смета за играч на Лацио.