недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Перез ќе го тужи поранешниот плициски комесар на Шпанија кој го обвини за поткуп на судии

Перез ќе го тужи поранешниот плициски комесар на Шпанија кој го обвини за поткуп на судии

Шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид излезе со соопштение во врска со наводите за поткуп на судии

За потсетување, поранешниот комесар на шпанската национална полиција, Хозе Мануел Виљарехо, изјави дека мадридскиот клуб поткупувал судии уште пред Барселона да почне да го прави тоа: „Тие беа забележани во ова и пред случајот Негреира. Секој што ќе се осмели да го осуди Перез би извршил самоубиство“.

– По ваквата изјава на Виљарехо, претседателот на Реал, Флорентино Перез, нареди итно да се почне соодветна правна постапка против поранешниот комесар за лажните обвинувања искажани на каталонското радио RAC1, се вели во соопштението на „Кралскиот клуб“

Претходно се дозна дека и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта подготвува тужба против Виљарехо.