Шпанскиот фудбалски сојуз ја потврди информацијата дека вкупно петнаесет шпански стадиони поднеле понуда за домаќини на Светското првенство, додека во Португалија би се организирале натпревари на три стадиони.
„Ова е најважниот проект што Шпанија ќе го преземе во следните неколку години“, изјави претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз, Луис Рубиалес, по состанокот на кој се разговараше за понудата и презентирање на списокот со кандидати.
Покрај стадионите на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико, кандидати се и стадионите во Виго, Ла Коруња, Хихон, Билбао, Сан Себастијан, Сарагоса, Валенсија, Мурсија, Севиља, Малага, Лас Палмас и стадионот на Еспањол во Барселона.