Фудбалерот на Барселона не ја пропушти шансата да го истрола лутиот ривал, а овој пат тоа го стори по долгите шпекулации за трансфер на Мбапе во лутиот ривал.
Килијан Мбапе многумина веќе го видоа во дресот на Реал Мадрид, меѓутоа од ПСЖ не отстапија од ставот да не го пуштат младиот француски напаѓач кој на крајот остана во клубот и покрај големите напори на „Кралевите“.
На крајот Мбапе остана во ПСЖ и покрај фактот што веќе е влезен во последната година од својот активен договор со клубот, а фудбалерот на Барселона, Џерард Пике не ја пропушти приликата да го истрола лутиот ривал Реал Мадрид.
Стоперот објави фотографија со наслов од весникот „Марка“ во однос на прашањето кој број на дресот ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид, за што Пике напиша „бројот 7“.
#Insolite 🤣: Le troll de Piqué sur le transfert avorté de Mbappé au Real Madrid 🇪🇸 !
Sur les réseaux sociaux, il a posté un ancien article de Marca, qui se demandait quel numéro de maillot choisirait Kylian Mbappé.
Et Piqué a répondu : le 7.
De bonne guerre. 🤣 pic.twitter.com/wAKen31KLW
— FOOTBALL-TIME⭐ (@Footballtime___) August 31, 2021
Кога сме веќе кај Мбапе, „Ле Паризиен“ објави дека напаѓачот одбил да ја продолжи верноста со ПСЖ и покрај тоа што на маса имал договор до 2024 година со плата од неверојатни 45 милиони евра по сезона, а Реал Мадрид за неговите услуги нудеше неверојатни 200 милиони евра.