петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пике и прости на Барселона огромен долг!!

Пике и прости на Барселона огромен долг!!

Еден од капитените на европскиот фудбалски гигант Барселона, славниот Жерар Пике синоќа ја шокираше светската јавност со одлуката да и стави крај на кариерата на зелениот терен.

Пике ја шокираше јавноста кога објави дека во сабота ќе го одигра последниот натпревар во својата фудбалска кариера.

Шпанските медиуми сега открија дека славниот ас решил на својот сакан клуб да му прости огромен долг, се работи за неверојатни 30 милиони евра.

Станува збор за дел од парите што му ги должи Барселона поради пандемијата, но и за приходите од кои се откажа од актуелниот договор кој трае до 2024 година.

Пред пандемијата, Пике заработуваше околу 28 милиони евра годишно и беше меѓу најплатените играчи на светот. Шпанскиот ас беше и меѓу првите фудбалери на Барса кој се согласи на намалување на договорот за да му помогне на клубот да се справи со финансиската криза.

Пике со Барселона освои осум титули во шпанската лига, шест Суперкупа, седум трофеи во Копа дел Реј, како и три титули во Лигата на шампионите.