петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пике има еден сон – ќе им се допадне на фановите на Барселона

Пике има еден сон – ќе им се допадне на фановите на Барселона

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике изјави дека сонува да стане претседател на клубот.

-Нема да можам да учествувам на следните избори, бидејќи сè уште сум фудбалер. Во иднина – којзнае? Јас сум голем навивач на Барселона и би сакал да му помогнам на клубот. Можеби во иднина ќе се номинирам, ако сум подготвен и можам да понудам нешто ново. Отсекогаш сонував да станам претседател на Барселона, но не знам дали тоа ќе се случи, истакна Пике за „Марка“.

Пике е „дете“ на Барселона. Триесет и тригодишниот Шпанец игра за тимот од 2008 година. (МИА)