Барселона го исвои трите бода на дуелот со Алмерија (2-0), но триумфот падна во втор план и причината за тоа беше Жерард Пике кој го одигра последниот свој меч на „Камп Ноу“.
Пике ја носеше капитенската лента и беше активен се до самиот финиш кога тренерот Чави Ернандес го повлече од игра, потег кој беше вистински за да може дефанивецот да се поздрави и збогува со навивачите.
-Ќе бидам тука во иднина. Ја сакам Барса. Затоа сметам дека е вистинскиот момент да се одам. Ова не е збогум. Тука сум роден, овде ќе умрам. Виска Барса, засекогаш, -порача Пике кој заврши на рацете на соиграчите.