Жерард Пике беше максимално објективен и нагласи дека во овој момент постои голема разлика меѓу Барселона и Баерн Минхен, но во продолжение од интервјуата кои ги даваше за шпанските медиуми, го истакна и моментот од кој тој останал посебно повреден на теренот.
Баерн победи со 0:3 и го завери првиот триумф во групната фаза, но и покрај тоа што сите играчи од првиот тим на Барса потфрлија, најдебелиот крај го извлече Серхи Роберто кој беше бурно и жестоки исвиркан кога беше заменет од Куман во 59-та минута.
Оваа сцена воопшто не му се допаднала на Жерард Пике, кој посочи дека Роберто со години не игра на природната позиција и се жртвува за тимот, а покрај тоа тој бил и човекот кој убедливо најмногу ја сакал Барселона.
– Свирежите кои ги добри Роберто навистина ме болат и тоа ме повреди. Тој е спектакуларна личност и го сака овој клуб повеќе од било кој друг. Никој не ја сака Барса како него. Сакам да ги потсетам фановите дека тој не е крило или бек, тој е играч за врска. Постојано се жртвува и се адаптира на секоја позиција која ќе му ја додели тренерот. Навистина многу ми е жал за свирежите, иако фановите се слободни да го искажат своето мислење, изјави Пике.