среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пипо Инѕаги добива ангажман во тим кој е во Серија А

Пипо Инѕаги добива ангажман во тим кој е во Серија А

Филипо Пипо Инѕаги е на добар пат да добие тренерски ангажман во најквалитетниот шампионат на Апенините.

Некогашната ѕвезда на Јувентус, Милан, Парма и Аталанта имал позитивни разговори со претставниците на Салернитана кои се подготвени да се откажат од Пауло Соуза по лошите резултати и освоените три бода по осум кола.

Клубот од Салерно не е задоволен и од некои други моменти поврзани со Соуза, па со оглед на тоа што сега е пауза наменета за репрезентациите, ова е идеално време да му врачи отказ и му ја даде довербата на нов стручњак или во конретниот случај Инѕаги.

Ако се реализира ова сценарио ќе добиеме интересна ситуација, затоа што на клупата на Интер е Симоне што значи може да имаме братска пресметка.

Последниот ангажман на Пипо беше во редовите на Реџина, а претходно работеше и во Милан, Венеција, Болоња, Беневенто и Бреша.