четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пирло објасни зошто Кутињо вреди 160 милиони евра, сите се сложуваат со него

Пирло објасни зошто Кутињо вреди 160 милиони евра, сите се сложуваат со него

Поранешниот играч на Јувентус и Милан Андреа Пирло вели дека Барселона не згрешила што платила 160 милиони евра за Филип Кутињо.

Барселона вчера конечно успеа да го реализира трансферот на Бразилецот од Ливерпул, но сумата што ќе плати е втор најголем трансфер во историјата на фудбалот, помала само од 222-та милиони што ги доби Барселона од ПСЖ за Нејмар.

– Настрана тоа што полудеа цените на фудбалерите, цената на Кутињо е во согласност со останатите цени денеска. Ако Ван Дајк вреди 80 милиони евра, тогаш тој чини двојно. Мислам дека е фер цена – вели Пирло.