четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пјаниќ блиску до заминување од Барселона: Бира меѓу овие четири клуба во Италија

Пјаниќ блиску до заминување од Барселона: Бира меѓу овие четири клуба во Италија

Миралем Пјаниќ во текот на следнава недека треба да ја напушти Барселона, откако треберот Роналд Куман го отпиша од своите планови.

Пјаниќ има четири понуди од Италија. Го сака Јувентус, клубот од каде минатото лето замина во Барслеона, а покрај клубот од Торино заинтересирани се Фиорентина, Наполи и Рома. Сите четири клуба го сакаат на позајмица.

Лучијано Спалети, новиот тренер на Наполи, лично го контактирал Пјаниќ и му ги претставил своите планови. Тие двајца соработуваа во Рома и наводно на Пјаниќ му се допаѓало она што Спалети го планирал во Наполи, но сепак најмногу би сакал да се врати во Јувентус.

Проблем и понатаму е платата на Пјаниќ. Барселона сака да го пушти во клубот кој целосно ќе ја преземе платата, а засега италијанските клубови сакаат да му платат околу 4 милиони евра, што е само 50 проценти од неговата годишна плата.