Иако се очекуваше Пјаниќ да остане во Барселона, сепак не добива голема минутажа и може да си замине од „Камп Ноу“ следните денови.
Фабрицио Романо пренесува дека Шарја од Обединетите Арапски Емирати е силно заинтересирана за Пјаниќ и плејмејкерот е отворен за преселба на Блискиот Исток.
Преодниот рок на Емирати се уште е отворен, па Пјаниќ има можност да го реализира трансферот.Клубот му понудил тригодишен договор на Босанецот, а Барселона ќе добие 3 милиони евра обештетување.