Фудбалерите на Македонија ЃП забележаа попладнево гостинска победа над градскиот ривал Скопје со 2:1 (0:0) во воведниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Гостинската екипа дојде до триумфот со пресврт преку двојниот стрелец Сефер Емини (67 и 77 минута), откако Скопје поведе со погодокот на Ален Јашаровски (58).
Со освоените три бода на стадионот во Автокоманда, екипата на Македонија ЃП се искачи на шестото места на табелата со 20 бодови, додека Скопје остана деветтопласиран во зоната на испаѓање со 16 бодови.
Преостанатите пет натпревари во рамки на 14. коло се закажани за в недела со почеток од 13Â �часот, а се среќаваат Академија Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница, Шкупи – Пелистер и Струга – Работнички.