недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По Чави, Лапорта најави дури трансфер бомби во јануари

По Чави, Лапорта најави дури трансфер бомби во јануари

Чави Ернандез влера и официјално стана нов тренер на Барселона, но претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта најави дека тоа е почеток на големи потписи на „Камп Ноу“.

Лапорта доцна синоќа потврди дека Чави се враќа во Барселона и во договор со него ќе тргне во потрага по дури три засилувања во зимскиот преоден рок.
Лапорта не откриваше имиња, но напомена дека едно засилување мора да биде фудбалер од светска класа.

– Планираме да се засилиме на три позиции во зимскиот преоден рок и да донесеме еден играч кој ќе биде кандидат за „Златната топка“. Околу конкретните имиња ќе зборуваме со нашиот нов тренер Чави Ернандез – изјави Лапорта.

Иако не спомена никакви имиња, медиумите веќе започнаа да шпекулираат кој сè се наоѓа на списокот на Лапорта. Првите информации се дека Дани Олмо повеќе не е опција бидјеќи неговиот клуб Лајпциг бара премногу пари, околу 70 милиони евра. Исто така минимални се шансите и Рахим Стерлинг да дојде на „Камп Ноу“ поради неговата голема плата.

На Барселона итно и е потребен напаѓач бидејќи кариерата на Серхио Агуеро е под знак на прашање поради проблемите со срцето и како опција фигурира името на Душан Влаховиќ од Фиорентина. Италијанскиот тим за својот најдобар играч бара 80 милиони евра, но каталонците се надеваат дека ќе ја спуштат цената на 50-60 милиони.

Како опција во одбраната се споменуваше името на дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде, но новиот тренер го цени и Кингсли Коман од Баерн Минхен по кого би можел да тргне во зимскиот преоден рок.