четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По четири месеци, Пердју доби отказ од премиерлигашот

По четири месеци, Пердју доби отказ од премиерлигашот

Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Алан Пердју денеска доби отказ од Вест Бромвич Албион, по само четири месеци откако се приклучи на премиерлигашот.

Клубот од Бирмингем е на последното (20.место) во Премиер лигата и е во серија од осум порази.

Пердју пристигна во ВБА на крајот од ноември, на местото на Тони Пјулис, но не успеа да ги оствари очекуваните резултати.

Тој целата своја тренерска кариера ја помина во Премиер Лигата, а пред ВБА го предводеше Њукасл, Саутемптон, Чарлтон, Вест Хем и Ридинг.