Фудбалерите на Барселона го добија „Ел Класико“ во Примера против Реал Мадрид со 2-1 и направија сериозен исчекор кон титулата.
Големата победа против лутиот ривал по која Барса ја стави едната рака на трофејот си зеде данок. Повреда заработи дефанзивецот Роналд Араухо, кој е еден од најдобрите играчи на каталонскиот клуб. Се работи за повреда на мускулите, па засега не е познато колку тој ќе отсуствува.
Позитивна вест за Барселона е тоа што сега има репрезентативна пауза, па тоа ќе биде шанса за Араухо да заздраве и да се врати во ритам.
Дефанзивецот нема да отпатува да одговори на повикот да игра за Уругвај, па сите се надеваат дека ќе успее да се врати за време на паузата.