четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По критиките, се јави Грилиш: Нема да дозволам така да зборувате!

По критиките, се јави Грилиш: Нема да дозволам така да зборувате!

Добар дел од поискусните англиски репрезентативци беа критикувани зошто стоеле на страна кога помладите решиле да ја превземат одговорноста.

Јавноста во Англија беше бесна и на Џек Грилиш, кого го искритикуваа дека не сакал да шутне пенал во завршницата, но тоа не било така.

Селекторот Саутгејт презема одговорност, бидејки потенцира дека тој го правел списокот на изведувачи, а сега се јави со конкретен одговор и фудбалерот на Астон Вила.

„Како што реков, сакав да шутирам пенал. Селекторот за време на турнирот донесе голем број добри одлуки, а го правеше тоа и синоќа. Но не можам да дозволам да зборуваат луѓето дека не сум сакал да изведам пенал, а реков дека сакав“, порача Грилиш на Твитер.