петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По Нејмар, Ал Хилал почна преговори со уште двајца фудбалери на ПСЖ

По Нејмар, Ал Хилал почна преговори со уште двајца фудбалери на ПСЖ

Само еден ден по потписот со Бразилецот Нејмар, саудиски Ал Хилал тргнува по потпис на уште двајца фудбалери на францускиот шампион ПСЖ. Како што јавуваат француските медиуми, Арапите сега преговараат за доведување на искусниот голман Кејлор Навас, како и за италијанскиот репрезентативец Марко Верати.

Од ПСЖ се подготвени да се разделат со 36-годишниот голман, но нема да го пуштат без пари. Костариканецот има уште една година од договорот со ПСЖ, а сега е трет голман зад Џанлуиџи Донарума и Арнау Тенас. Минатата сезона Навас играше како позајмен во англискиот Нотингем Форест.

Ал Хилал е заинтересиран и за играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, но со него работата ќе биде потешка за реализација, затоа што Италијанецот треба да биде важна алка од тимот на Луис Енрике.