четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По оружениот инцидент: Евертон ангажира телохранители за своите фудбалери

По оружениот инцидент: Евертон ангажира телохранители за своите фудбалери

Раководството на Евертон одлучи да најми телохранители за своите играчи, по оружениот инцидент што деновиве се случи во семејниот дом на шведскиот голман во редовите на премиерлигашот од Ливерпул, Робин Олсен.

Како што објави весникот „Дејли Мејл“, на сите фудбалери на Евертон им е понудена лична заштита, а премиерлигашот, во меѓувреме, организирал и едукативен курс за играчите со совети како да се однесуваат во случај на близок контакт со вооружени криминалци.

На 10 март, непознати лица по кои сè уште трага полицијата, вооружени со ножеви упаднаа во домот на Олсен во време кога во семејната куќа биле и неговата сопруга и двете деца. Англиските медиуми јавија дека од домот на Олсен биле украдени скапи часовници и накит, а фудбалерот и неговото семејство, за среќа, не биле повредени. (МИА)