четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По реакциите на Островот, Матиќ објасни зошто не носел црвен афион на дресот

По реакциите на Островот, Матиќ објасни зошто не носел црвен афион на дресот

Халфот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ги искористи социјалните мрежи за да ја објасни својата одлука да не стави црвен афион на својот дрес за време на дуелот против Борнемут минатиот викенд.

Србинот беше единствениот играч од 22-цата на теренот кој не го носеше знакот со кој се почитува сеќавањето на сите загинати британски војници.

Поради тоа, Србинот беше предмет на многу критики од англиските навивачи.

Еве го неговото објаснување:

„Целосно разбирам зошто луѓето носат црвени афиони. Го почитувам правото на секој да сочувствува со сите кои изгубиле свои блиски поради воен конфликт.

За мене сепак тоа е само потсетник за нападот, кој го доживеав лично како мало, уплашено 12-годишно момче, кое живее во Врело, кога мојата земја беше опустошена од бомбардирањето над Србија во 1999 година. Иако сум го правел тоа порано, сега, откако размислив, решив дека за мене не е соодветно да носам афион на својот дрес.

Не сакам да ја поткопам маката како симбол на гордоста во Велика Британија, ниту да навредам некого. Сите ние сме производ на нашето воспитување и тоа е мој личен избор, кој се базира на веќе опишаните причини“.