Управата на премиерлигашот Борнмаут одлучи да го смени тренерот по поразот од Ливерпул со 9:0. Скот Паркер е прв кој добива отказ по само четири кола сезонава во најсилното фудбалско натпреварување во Англија.
Паркер го презеде Борнмаут пред сезоната 2021/22 и успеа да стигне до го внесе во Премиер лигата.
Оваа сезона тимот предводен од 41-годишен стручњак оствари една победа и три порази, еден од нив убедливиот од Ливерпул.
Гери О’Нил, кој претходно го водеше првиот тим на Борнмаут, ја презеде функцијата привремен тренер.