среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По само една сезона, Рафиња ќе си замине од Барселона

По само една сезона, Рафиња ќе си замине од Барселона

Рафиња (26) дојде во Барселона од Лидс за 58 милиони евра во летото 2022 година, односно пред почетокот на тековната сезона, а веќе се шпекулира дека тој ќе го нашушти клубот. Шпански „Спорт“, пренесува дека претседателот на Барселона, Џоан Лапорта изјавил дека клубот ќе мора да продаде некои играчи.

„Спорт“, тврди дека планот е да се ослободат од помалку важните играчи. Сепак, Рафиња има најголема пазарна вредност, а наводно за него се заинтересирани Челзи и Њукасл.

Иако има договор до 2027 година и е важен играч во тимот на тренерот Чави Ернандез, особено откако го нема Усман Дембеле, финансиската ситуација во клубот е таква што тој би можел да замине не по своја волја.

„Иако Барселона не планира да добива понуди за Рафиња, реалноста е поинаква. Барселона се надева дека ќе направи добар трансфер со продажба на играч со помала минутажа. Но, доколку не успее во тоа, Рафиња изгледа како добар извор на приход. Се претпоставува дека Барселона ќе извлече повеќе пари од она што го вложи трансферот на Бразилецот“, заклучува „Спорт“.

Рафиња оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона, постигнува осум и забележа девет асистенции. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.