понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

По секс скандалот во Ајакс: Овермарс се пресели во белгиски Антверпен

По секс скандалот во Ајакс: Овермарс се пресели во белгиски Антверпен

Еден месец откако го напушти Ајакс поради непримерно однесување кон колешките, поранешниот холандски фудбалски репрезентативец Марк Овермарс (48) е назначен денеска за нов технички директор на белгискиот прволигаш Антверпен.

Легендарниот холандски фудбалер од мај 2012 година ја извршување должноста спортски директор на гигантот од Амстердам, но беше принуден да замине од Ајакс откако беше обелоденето дека непримерно се однесувал кон своите колешки на кои им испраќал непристојни телефонски пораки.

На својата промоција во Антверпен, поранешниот напаѓач на Ајакс, Арсенал и Барселона, истакна дека работите во Ајакс биле решени на соодветен начин и оти не влијаеле на неговите разговори со белгискиот клуб.

– Тоа што се случи во Ајакс нема да се повтори, изјави Овермарс за белгиските медиуми.  (МИА)