понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

По скандалот со сексуално вознемирување: Избран нов претседател на Бразилската фудбалска федерација

По скандалот со сексуално вознемирување: Избран нов претседател на Бразилската фудбалска федерација

Ерналдо Родригез е избран за нов претседател на Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ), откако неговиот претходник беше сменет поради сексуално вознемирување колешки.

Родригез доби четиригодишен мандат, освојувајќи ги гласовите на 137 од вкупно 141 делегат. Тој беше единствен кандидат за функцијата, а изборите беа жестоко оспорени и противниците на Родригез се обидоа да издејствуваат судско одложување на гласањето.

Родригез на местото претседател го заменува Рожерио Кабкола, кој прво беше суспендиран во јуни минатата година, а сменет од должноста во февруари годинава, окако поранешна вработена го обвини за сексуално вознемирување. (МИА)