Откако сите релевантни медиуми ја објавија веста дека познатиот агент Мино Раиола починал, следуваше вистински шок односно демант дека фудбалскиот агент е жив!
Прв се огласи неговиот адвокат и истакна дека Рајола е во тешка ситуација и дека силно се бори за живот.
Докторот од болницата исто така потврди дека Мино се бори за живот и е згрозен од веста која се појави во медиумите.
Само неколку минути потоа се огласи и самиот Мино Риола преку социјалните мрежи.
– Мојата моментална здравтствена состојба за сите оние кои ги интересира, изнервиран, ме умреа два пати за 4 месеци. Се чини дека и јас можам да воскреснам, напиша Раиола.
Current health status for the ones wondering: pissed off second time in 4 months they kill me. Seem also able to ressuscitate.
— Mino Raiola (@MinoRaiola) April 28, 2022