понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Победа на Шкендија во Рига за голем исчекор кон третото квалификациско коло во Лигата на конференции

Победа на Шкендија во Рига за голем исчекор кон третото квалификациско коло во Лигата на конференции

Шкендија е на добар пат да го помине и второто квалификациско коло во Конференциската лига откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Валмиера во Летонија.

Шкендија одигра уште еден одличен европски натпревар и со предност ќе го почне реваншот во Скопје.

Тетовскиот тим почна одлично, со гол на Дориев уште во деветтата минута поведе со 1-0.

Предноста на Шкендија траеше се до финишот од првото полувреме кога во 45. минута од натпреварот Геј изедначи на 1-1.

Но, во второто полувреме Шкендија даде уште еден гол, овојпат погоди Гури во 63. минута, го врати водството на својот тим и донесе победа од 2-1.