Швајцарија во дуелот од четвртфиналето против Шпанија од 77-та минута мораше да игра со играч помаку, откако поцрвене играчот од средниот ред Ремо Фројлер.
Фудабалерот на Атаналанта остана во неверување откако судијата Мајкл Оливер за старт над Џерард Морено на средината на теренот му покажа директен црвен картон. Морено го закачи за назоете, но прво ја однесе топкта.
„За мене ова не е ни жолт, но ајде, мило ми е. Ти благодарам судија“– призна поранешниот шпански репрезентативец Цекс Фабрегас, кој сега настапува за Монако.
Од одлуката на Мајкл Оливер шокиран остана и легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер.
„Уште еден црвен баш за ништо“– напиша тој на Твитер.
На крајот Шпанија мина во полуфиналето по пенали, а таму ќе играат против Италија.