недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почетино нема иднина во ПСЖ, наскоро доаѓа Зидан

Почетино нема иднина во ПСЖ, наскоро доаѓа Зидан

Контроверзниот поранешен италијански репрезентативец Антонио Касано го предупреди Маурисио Почетино дека нема долго да издржи на клупата на ПСЖ.

„Светците“ се лидери во француското првенство и освоија четири од можните шест бода во првите две кола од Лигата на шампионите, но Касано сепак смета дека аргентинскиот стручњак не е за таа позиција.

„Почетино нема иднина во ПСЖ, за него сум слушнал само лоши работи. Можеби е добар човек, но како тренер нема никакви квалитети, никаква тактика, па дури и ги прашува фудбалерите за мислење. Никогаш не тренирал шампионски тим, па не знае како да се однесува. Од она што го разбрав, многу брзо ќе биде заменет со Зидан“, изјави Касано.

Зидан е без работа откако летоска го напушти Реал Мадрид, но за него се шпекулира дека идната година ќе го наследи Дидие Дешамп на клупата на француската репрезентација.