понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Почетинот ќе го казни Меси за да му покаже кој е газда во ПСЖ!

Почетинот ќе го казни Меси за да му покаже кој е газда во ПСЖ!

Лионел Меси се соочува со тежок период по доаѓањето во ПСЖ, со оглед што сѐ уште нема направено ама баш ништо во дресот на новиот тим, а згора изреагира непрофесионално кога завчера беше заменет на средбата против Лион (2-1).

Аргентинецот одби да му пружи рака на тренерот Маурицио Почетино, а потоа и воопшто не се израдува на победничкиот гол на Икарди во судиското продолжение. Според Л’Екип, стратегот на „светците“ планира да го казни Меси и уште на стартот да му покаже кој е главен во тимот.

Казната што ќе ја добие новото засилување од Барселона е изоставување од стартниот состав за утрешната пресметка на гости против Мец, а оставањето на клупата ќе биде со цел аргентинскиот интернационалец да ја олади главата и да сфати дека во ПСЖ не е толку семоќен и недопирлив како што беше во Барса. Има најава и дека Меси воопшто нема да патува на ова гостување, а официјалната причина за ова ќе биде дека мора да го рехабилитира коленото, поради кое, наводно и бил заменет против Лион.