Угледниот американски хирург Фреди Фу почина по долга борба со тешка болест.
Фу е роден во Хонг Конг, а целата професионална кариера ја поминал во САД, каде станал и претседател на Американската заедница на ортопеди за спортска медицина. Добитник е на бројни признанија за своите достигнувања.
Од Фу преку социјалните мрежи се прости и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ. Фу на Ибра му ја спаси кариерата во 2017 година додека шведскиот напаѓач играше за Манчестер Јунајтед. Златан на натпревар од Лига Европа доживеа незгодна повреда на коленото. Фу го оперирал успешно, а за тоа говори и фактот дека Ибра игра одлично и на 40 години.
-Фреди Фи ми пружи нова шанса во кариерата. Се уште сум на врвот, а тој е заслужен за тоа. Му должам се’. Ти благодарам Фу. Почивај во мир, напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.