вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почина легендарниот фудбалски тренер Ивица Осим

Почина легендарниот фудбалски тренер Ивица Осим

Фудбалскиот свет на просторите на поранешна Југославија денеска го потресе веста за смртта на легендарниот тренер Ивица Осим кој воедно беше и последниот селектор на поранешната репрезентација на СФР Југославија.

Осим почина на 81 година во Грац каде живееше во последните неколку години.
Тренерската кариера ја започна во 1978-та година по завршувањето на успешната играчка кариера во Желчезничар, Стразбур и Валенсиен.

Играше и за репрезентацијата на Југославија која како селектор ја предводеше на СП во Италија каде го освои 4. место.

За жал под негово водство Југославија беше суспендирана од ЕП во Данска поради војната во Југославија по што Осим поднесе оставка на функцијата. Подоцна голем број клубови како Партизан, Штурм Грац, Панатинаикос и Џеф Јунајтед.