среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почина легендата на Барселона

Почина легендата на Барселона

Жосеп Марија Фусте, шпански фудбалер и легенда на фудбалскиот клуб Барселона, почина денеска на 83-годишна возраст.

Поранешниот играч од средниот ред беше европски шампион со Шпанија во 1964 година, кога Шпанија во финалето го порази Советскиот Сојуз.

Тој помина 11 сезони во Барселона, играјќи за клубот од 1962 до 1972 година. Со каталонскиот клуб освои три Купа на кралот и два Купа на фер градови.

За Барселона настапи на 406 натпревари и постигна 117 гола.

Во својата кариера играше и за Херкулес и Осасуна.