Фудбалерите на Барселона сметаат дека смената на тренерот не е решение за проблемите со кои се соочува каталонскиот клуб. Барселона синоќа претрпе нов тежок пораз во Лигата на шампионите, откако загуби од Бенфика со 3-0.
Претходно, во елитното натпреварување тимот на Куман беше поразен и од Баерн со ист резултат.
-Не е решение да се смени тренерот … Но, не можеме да збориме за Куман, тоа не е прашање за нас. Морам да продолжиме да се бориме и да го надминеме ова заедно. Свесни сме дека ситуацијата ќе се промени ако работиме напорно и ако останеме обединети, гласи заедничкиот став на фубалерите на Барса.
Според шпанските медиуми, претседателот Жоан Лапорта и неговите најблиски соработници разговарале за иднината на клубот до рано утрото, па наскоро се очекува и да се огласи првиот човек на Барса за решението преку кое ќе се бара спас од овие катастрофални резултати.