среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба се врати во Торино и ги „запали“ навивачите на Јувентус

Погба се врати во Торино и ги „запали“ навивачите на Јувентус

Репрезентацијата на Франција синоќа се сретна со Белгија во полуфиналето од Лигата на нации, а мечот се играше на Алијанц стадионот во Торино.

Пол Погба настапуваше на него како домаќин од 2012 до 2016 година, во дресот на Торино по што се врати во Манчестер Јунајтед. Сега изгледа дека му следи ново враќање и тоа во Јувентус. Пред синоќешниот меч, тој даде изјава со која ги „запали“ навивачите на овој тим и најави дека е можно повторно да го облече црно-белиот дрес.

„Го сакам Торино, ова е мој дом. Постојано сум во контакт со некои поранешни соиграчи од Јувентус, како Дибала“, откри Погба.

Неговиот трансфер од Јувентус во Манчестер Јунајтед се уште е најскап во историјата на премиерлигашот, а изнесуваше 105 милиони евра.