четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба: Торино е мојот дом

Погба: Торино е мојот дом

Халфот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба го очекува со нетрпение враќањето на „Алијанц“ стадионот за дуелот со Јувентус од групната фаза на Лигата на шампионите следната недела.

Французинот го напушти тимот на „бјанконерите“ во текот на летото на 2016 година (играше во Торино меѓу 2012 и 2016 година), минувајќи во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра (светски рекорд во тоа време).

– Торино е мојот дом. Таму постигнав првиот гол во професионалниот фудбал. Куадрадо, Дибала, Бонучи… уште одржувам односи со нив. Зборуваме од време на време. Ние бевме семејство. Кога си заедно до играчи како Пирло, Буфон и Киелини, само можеш да учиш секој ден на тренинзите. Дури и да си докажан играч, сепак можеш да учиш од луѓе како нив, изјави Французинот пред „РМЦ Спорт“.

Во последниве месеци Погба е поврзуван со враќање во Јувентус со оглед на заладените односи со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

МИА