вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба уште не се вратил во игра, повторно се повреди

Погба уште не се вратил во игра, повторно се повреди

„Газета дело Спорт“ пишува дека Пол Погба заработил нова повреда за време на тренинг и неговото враќање во игра ќе се одложи, неизвесен е и за Светското првенство во Катар.

Погба се уште нема настап за Јувентус откако се врати од Манчестер јунајтед изминатото лето.

Тој скина менискус на коленото за време на подготовките во САД во јули, се обиде да се опорави со конзервативен метот, но откако не успеа направи операција.

Погба им се врати на тренинзите и наскоро требаше да се врати и на теренот, но „Газета дело Спорт“ пишува дека на тренинг заработил повреда на бутниот мускул поради која ќе треба да паузира десетина дена.

Тој веројатно нема да заигра за Јувентус оваа година, неговиот прв настап би требало да биде во 2023 кога ќе продолжи сезоната по завршувањето на СП.

А нејасно е дали Франција ќе ризикува и ќе го земе Погба во составот бидејќи тој веќе долго време нема одиграно натпревар и тешко дека ќе биде сто проценти подготвен.