петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба за Варан?

Погба за Варан?

Иако пред два дена излезе информација дека Манчестер Јунајтед планира да го направи Пол Погба најплатен играч во Премиер лигата, денеска доаѓа нова вест од Шпанија.

Марка тврди дека на повидок е спектакуларна замена меѓу Јунајтед и Реал Мадрид со тоа што играчот од средниот ред ќе се упати кон Шпанија, а во спротивна насока ќе тргне неговиот сонародник Рафаел Варан. Двајцата во моментов се со француската репрезентација на Европското првенство и заедно со фановите на двата клуба, го очекуваат расплетот.

Реал одамна е заинтересиран за Погба и сега гледа можност за остварување на долгогодишната желба, но на клупата повеќе не е Зидан кој најмногу инсистираше на негов трансфер.