среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Покетино: Меси е далеку од најдобрата форма

Покетино: Меси е далеку од најдобрата форма

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино вели дека ќе биде потребно време Лионел Меси да се врати во најдобра форма.

„Светците“ славеа со резултат од 2:1,  а натпреварот го одбележа и дебито на Меси, како и двата гола на Килијан Мбапе.

-Меси се уште е далеку од најдобра форма, но тренираше добро и за две недели ќе биде на потребното ниво, вели тренерот на ПСЖ.

Меси на вчерашниот натпревар во 66. минута влезе на теренот и го замени Нејмар.

-Го чекам најдоброто до Меси. Многу сум среќен што дебитираше, ова беше многу важно за него. Беше добар, од првиот допир со топката, му даде сталоженост на тимот. Добро е што започна со победа, додава Покетино за сајтот на клубот.