Англискиот премиерлигаш Челси нема да ја искористи можноста да го ангажира напаѓачот Жоао Феликс на перманентен трансфер. Португалецот играше на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен од Атлетико Мадрид, но следниот месец ќе се врати во шпанската престолнина.
„Вистината е дека не можам да ви кажам какви се плановите за Жоао. Веста што ја добивме вчера е дека новиот тренер на клубот нема да смета на него. Во моментов немаме планови за него. Во моментов Жоао е фудбалер на Атлетико Мадрид“, прокоментира претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.