сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пол Погба го продолжува договорот со Јунајтед и ќе биде најплатен играч во Премиерлигата

Пол Погба го продолжува договорот со Јунајтед и ќе биде најплатен играч во Премиерлигата

Пол Погба во јуни 2022 година му истекува договорот со Манчестер јунајтед, но „Лекип“ објавува дека сака да остане во тимот уште долго време.

Французинот наводно им се доверил на блиските пријатели и семејството дека планира да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ во најскоро можно време. Јунајтед е подготвен да му понуди огромен договор, се шпекулира 400.000 фунти неделно, што го би го направило Погба најплатен играч во Премиерлигата.

Фудбалерот од средниот ред имаше одличен старт на сезоната, а новите засилувања како Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо го натерале Погба да се радува на својата иднина во клубот. Тој верува дека Јунајтед сега има доволно квалитетен тим да се натпреварува за трофејот во Премиерлигата и Лигата на шампиони.