четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Полба заминува од Манчестер Јунајтед

Полба заминува од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед соопшти дека Пол Погба ќе замине од клубот на крајот од месецов, по истекувањето на неговиот договор.

Французинот по настапите во младинските тимови на Јунајтед замина во Јувентус, а во 2016 година се врати на Олд Трафорд, во обид да ја продолжи кариерата во Јунајтед што ја започна во сезоната 2011/12.

Французинот имаше само 27 настапи под водство на Оле Гунер Солскјер и замената на Норвежанецот, привремениот менаџер Ралф Рангник, а последниот од неговите 233 натпревари на Јунајтед заврши во 10-тата минута, при што Погба беше принуден да го напушти теренот поради повреда.

Тоа беше тивок крај на неговата кариера во Јунајтед. Од клубот му се заблагодарија на Погба за придонесот и му посакуваат среќа во понатамошната кариера.