вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Полска добива нов селектор

Полска добива нов селектор

Репрезентацијата на Полска имаше солиден настап на Светското првенство во Катар каде успеа да ја мине групната фаза по што загуби од Франција во првата нокаут фаза (3-1).

Сепак овој резултат не беше доволен за Чеслав Михневич да остане на селекторската функција. Полска во иднина ќе работи под палката на Фернандо Сантош. Сантош е искусен, докажан стратег кој осум години ја водеше Португалија со која го освои и ЕП во 2016 година.

Тој претходно ја водеше успешно и Грција, има работено во многу клубови, па сето ова му го отвори патот да биде селектор на Полска.

Според Фабрицио Романо се е договорено и се очекува официјална потврда во текот на утрешниот ден.