Македонската фудбалска репрезентација и словенечкиот национален тим одиграа 0:0 по првите 45 минути на пријателската средба во Скопје.
Ова е првиот од двата предвидени контролни дуела на „црвено-жолтите“ пред настапот на Европското првенство за десет дена.
Како и што најави, селекторот Игор Ангеловски натпреварот го почна без калкулации, во најсилен состав.
Недостасува Енис Барди кој е позитивен на коронавирус. Се игра агресивно од двете страни, но недостасуваат вистински шанси за гол.
По повеќе од една година, на трибините на „Тодор Проески“ се вратија навивачите. Иако капацитетот е ограничен на 30 % од македонските фудбалери имаат голема поддршка од своите фанови.