четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Порака за Солксјер: Камерите ја уловија нервозната реакција на Ван де Бек (Видео)

Порака за Солксјер: Камерите ја уловија нервозната реакција на Ван де Бек (Видео)

Манчестер Јунајтед стигна до посакуваната победа против Вилјареал и тоа на максимално драматичен начин, откако Кристијано Роналдо постигна гол за победа во 95. минута од средбата.

Трите бода сепак нема целосно да ги прикријат недостатоците во играта и менаџерот Оле Гунар Солскјер и натаму има работа за да ги обезбеди потребните резултати, но и да изменаџира со сите фудбалери во составот.

Класичен пример е Холанѓанецот Дони ван де Бек, кој одамна е незадоволен од својот статус, а вечерва камерите го уловија во реакција која сигурно нема да му се допадне на Солскјер.

Ван де Бек реагира нервозно иако соиграчите го смируваат и тоа во 89. минута, кога менаџерот на Јунајтед ги внесе Лингард и Фред како последни замени.