понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поранешен израелски фудбалер убиен од припадниците на „Хамас“

Поранешен израелски фудбалер убиен од припадниците на „Хамас“

Поранешниот израелски фудбалер, Лиор Асулин, е убиен од припадниците на Хамас во напад на масовна забава каде 43-годишникот го прославувал својот роденден.

Терористичкиот напад се случил по полноќ, кога педесетина вооружени лица упаднале на местото на настанот и почнале да пукаат по цивилите кои се забавувале.

Не е познато дали има уште жртви во нападот, но израелските медиуми јавуваат за повеќе од дваесет полесно и потешко повредени.